Твитер профилот Даниел Атанасов пишува за неколку непријатни ситуации со полски туристи во Охрид. Имено во ресторан во Пештани според Атанасов буквално пробале да ги „одерат“ и да им земат многу повеќе од тоа што порачале. Истото ова се случувало и на други места.
„Тешко вака туризам другари. Еве се жалат во група полјаци дека во ресторан во Пештани пробале да ги одерат и да им земат многу повеќе од тоа што порачале. А и други пишуваат за истата пракса на други места..срамота“ пишува Атанасов.
Во вторниот коментар, Атанасов пишува дека тие убаво си поминале се до моментот кога дошло време за сметката иако со прст му посочиле што сакаат. Имало и друга ситуација каде за кафе пробале да им наплатат 2000 денари исто така во Охрид.
„Пишува дека им било убаво доживувањето се до моментот со сметката. Дека со прст точно од менито му покажале на келнерот што точно сакаат. Вториот коментар се однесуваше на друга ситуација каде што за кафе пробале да им наплатат 2.000ден.. исто во Охрид“, напиша Атанасов.
