Станува збор за хаски по име Алекс, кој поминал повеќе од три недели под урнатините

Спасувачкиот тим на провинцијата Хатај, на југот на Турција, пронајде живо куче под урнатините во средата, 22 дена по разорните земјотреси, јавува Анадолија.

Станува збор за сибирска хаска по име Алекс, која мина повеќе од три недели под урнатините во провинцијата Хатај, но беше извлечено исцрпено, но живо.

– Вчера добивме повик, сопствениците ни кажаа дека го слушнале гласот на кучето. Иако не беа сигурни отидовме до урнатините и ми се чинеше дека слушнав како дише куче – изјави за новинарите Осман Полат, еден од спасувачите.

Како што рече, во урнатините имало мала дупка низ која откако рачно ископале го пронашле кучето.

– Чудо е што кучето остана живо под урнатините по толку денови без храна и пиење – рекол спасувачот.

Слично беа спасени десетици мачки и кучиња додека спасувачите се обидуваа да стигнат до луѓето заробени под урнатините.
Повеќе од 45.000 луѓе загинаа

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари се искачи на 45.089, објави во средата Државната агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија 11 турски провинции на 6 февруари: Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмарас, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, како и многумина во северозападна Сирија.