Точно е 17:32 часот. Маж и татко се враќаат дома од работа за да ги најдат своите малечки во дворот. Сè уште се во пижами, си играат во прашината, а наоколу се расфрлани влажни марамчиња. Вратата од автомобилот на неговата сопруга била отворена, како и вратата од куќата. Кучето никаде го нема.




Веќе малку исплашен, се приближил до влезната врата и затекнал уште поголем хаос. Светилката во ходникот беше срушена, тепихот целосно изгужван. Од дневната соба се слушаше многу засилен телевизор и добро познатата песна „Паааатролне шааапе ти прискаааачуууу у помоооќ…“. Во детската соба постелнината беше распослана на подот, а играчките беа насекаде.




Во кујната, садовите го преплавија мијалникот, храната од појадокот сè уште беше на масата, а јогуртот беше фрлен на тепихот. Вратата од фрижидерот беше широко отворена, а стопен сладолед висеше отворен на работ од шанкот. Кучешката храна беше насекаде низ подот во кујната.




Набрзина се качи по скалите, прескокнувајќи играчки и облека, барајќи ја сопругата. Се плашеше дека нешто и се случило, секакви работи му текнаа. Застана во баричката со вода кога влезе во бањата, за да провери дали таа е таму. Внатре пронашол неколку влажни крпи, исцедени шампони во кадата за играчки и тоалетна хартија низ целата бања.




Додека брзаше кон спалната соба, веќе избезумен, беше убеден дека нешто се случило. И таму ја нашол сопругата, легната во кревет, како чита книга со кафе. Таа го крена погледот и му се насмевна.
Вознемирен, праша: „Што се случи овде денес?
Таа повторно се насмевна и му одговори: „Знаеш како, секој ден кога ќе се вратиш од работа, а јас се жалам дека сум уморна, ме прашуваш што сум уморна и што правам по цел ден дома? ”




„Да…“ несигурно одговори тој.
„Па, јас не го направив ТОА денес“. – ОДГОВОРИ ТАА.
ДАЛИ УБАВА ЛЕКЦИЈА МУ ОДРЖАЛА НА СВОЈОТ СОПРУГ ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
