Судот, денес, му определи 30 дневен притвор на Ристо Новачовски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој утрава беше приведен по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое води истрага за случајот познат како “Плацеви на Водно“, пренесува Канал 5.

Покрај Новачевски, за перење пари обвинителетото ги сомничи и експремиерот Груевски, поранешинот директор на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. За нив веќе се определени мерки за обезбедување присутво, вели обвинителката Вилма Русковска.

Според истрагата, првоосомничениот Груевски, како претседател на ВМРО ДПМНЕ во периодот од 2006 до 2012 година дел од донациите за финансирање на партијата ги примал лично и не ги прикажувал како примени донации во финансиските извештаи и на тој начин присовил најмалку 1 милион и 300 илјади евра.

Потоа, во периодот од октомври 2012 до септември 2013 година, тие пари тој ги пуштил во оптек купувајќи градежно земјиште на Водно преку фирма-ќерка на фирма од Белизе. Управител на фирмата-ќерка бил Новачевски.

Истрагата покажала и дека, од јули 2015 до јуни 2019-та, по јавно објавенинте разговори, Новачовски како управител на правното лице ја пренел сопственоста на друго правно лице, по претходен договор со Груевски.

-За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели.

За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена. – соопштија од Обвинителството.

Случајот го отвори сега згаснатото СЈО, а во последните неколку месеци го работеше обвинителтвото кое го раководи Русковска. Таа кажа дека благдоарение на т.н бо мби, кои служат како индиции во овој предмет, биле собрани голем број материјални и вербални докази, пренесува Канал 5.

Предмалку во статус на социјалните мрежи, се огласи Никола Груевски:

„Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви изјави против мене.

Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта.

Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици.“