Целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот и капацитетот во јавниот превоз да биде исполнет до 50 отсто се новите предлог-мерки, кои беа донесени на последниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Според најавите, овие предлози до Владата ќе бидат предложени во понеделник, доколку зголемувањето на бројот на новозаразени продолжи и викендов.

-Сериозен процент од новозаразените едноставно не можат или не знаат да кажат каде се заразиле и во таа смисла таргетираме места каде што има групирање.

Целта е да се носат маски, да се избегне групирање, сметаме дека со новите предлог-мерки влијаеме на повеќе фактори, на повеќе места да се намали ризикот од трансмисија на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Факт е оти мерките не се почитуваа, дециден е Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Таа желба да отидат младите луѓе на собиранки и да бидат видени си го дадоа резултатотТие се најбројни заразени во есенскиот бран, вели епидемиологот..Предупреди дека се очекуваат и по 1 000 заразени дневно.

„Со вакво непочитување на мерките, сега предничи Аеродром, а Чаир, кој пролетта беше прв по заразени жители, сега е на петтото место. Секако дека постои можност за влошување на состојбата и онаму кај што моментално е мирна“, рече Караџовски.

Во врска со тоа дали се размислува за воведување на полициски час,Караџовски  рече дека во моментов не се разгледува тоа прашање, но оти за во идниот период сите мерки стојат на располагање.

– Ние како Комисија не сме ги исцрпиле сите мерки што може да му ги предложиме на министерот. Во ниту една Европска дружава нема полициски час, освен во Франција. Дали во перспектива тоа може да се направи? Ние во моментов не размислуваме, меѓутоа епидемиолошки сме на идеја, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатаму, рече Караџовски.

Тој реагираше и на фактот што во изминатиот период се одржуваат свадби и семејни веселби, иако тоа не е дозаволено.

-НИКАДЕ НЕ БЕШЕ КАЖАНО ДА СЕ ОДРЖУВААТ СВАДБИ, ЕДЕН КУП СВАДБИ ИМАШЕ, ПРОДОЛЖИ ТОЈ, И КАЖА ДЕКА ВО КАФЕАНИ, ПОД АЛИБИ „НЕ ПРАВАМ СВАДБА“, ГИ СЕДНУВА СИТЕ ГОСТИ И УГОСТИТЕЛОТ ПОТОА ДАВА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ НА СЕКОЈА МАСА, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ.

Упати апел до целата јавност строго да се почитуваат мерките со цел да се спречи ширење на епидемијата.