Ова момче конечно пристигнува дома откако поминало 460 дена на одделот за неонатална интензивна нега.

Кендал е роден во 25-та недела од бременоста, во декември 2020 година. Тој тежел само 425 грама и бил толку мал што го собирало на дланка. Лекарите му дале 50 до 60 отсто шанси за преживување. Тој бил подложен на трахеотомија и бил приклучен на респиратор.

„Ужасно се плашев дека нема да се спаси“, изјавила мајката на малиот борец Спаркл Јурнакинс за Good Morning America. Спаркл боледувала од респираторен дистрес синдром и хронично заболување на белите дробови откако предвремено го родила синот, а минатото лето се заразила и со коронавирус.

„Од август до октомври бев во кома“, додаде таа.Мајката повторно била заедно со Кендал во декември, а вели дека тој веднаш ја препознал својата мајка. Не го тргал погледот од неа.

“Овој момент кога Кендал си оди дома е голема награда за сите нас. Долго го чекавме овој ден”, коментира др. Таха Бен Саад за WTHR13.

Иако нејзиниот син не бил дома, Спаркл истакнува дека знаела дека е во добри раце. А нејзиниот поголем син најмногу го очекува својот помлад брат.

„Ми рече дека не мора да го носам во Дизниленд за неговиот роденден оваа година, бидејќи доаѓањето на Кендал дома е најдобриот подарок“, заклучила таа.