




Лионел Меси (Меси) и Аргентина го освоија долгоочекуваниот трофеј светски шампион. По драмата која заврши со изведување пенали, Аргентинците триумфираа против Франција (4:3) и ја добија популарната „Божица“.




Тоа е единствениот трофеј што недостасуваше во феноменалната кариера на Меси, а со „Божицата“ ја комплетираше својата неверојатна колекција на титули.




Меси ја доби и наградата за најдобар играч на турнирот. Кога помина, го бакна трофејот и едвај чекаше да го крене во воздух и официјално да ги направи Аргентинците шампиони. Кога дојде време Меси да го прими „Пехарот“ во рака, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани го завитка во црна наметка. Меси бил изненаден од потегот на Ал Тани, бидејќи не знаел за овој дел од церемонијата, пишува Аваз .




А навивачите не знаеја за што се работи. Имено, станува збор за традиционална арапска наметка „Бишту“, која поради престиж се носи во посебни пригоди како муслимански празници, свадби и фестивали.
Облеката со овој статус е поврзана со кралското семејство, како и со истакнати луѓе од религиозно значење.




Организаторите на Светското првенство сакаа да испратат слика од најдобриот играч на Мундијалот завиткан во традиционална арапска наметка.
