Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков го најави финалето во Мелбурн и ги пренесе зборовите на претседателот на Руската Федерација

Љубителите на белите спортови ширум светот со задоволство го следеа финалето на Австралија опен помеѓу Рафаел Надал и Данило Медведев, во кое шпанскиот играч победи со 3:2 по пресврт (2: 6, 6: 7, 6: 4, 6: 4 , 7:5).

Мадридскиот весник „Ас“ пишува дека рускиот претседател Владимир Путин му оддаде почит на Рафаел Надал за освојувањето на рекордната 21. Грен слем титула. И ги цитира зборовите на неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Медведев е наша ѕвезда, но затоа спортот е нешто толку фантастично, бидејќи може да има само еден победник и тој мора да биде најсилниот играч. Честитки за тоа на Надал – ги кажа своите зборови на дневната прес-конференција во Кремљ, Дмитриј Песков, портпарол на претседателот Владимир Путин.

Песков потоа додаде дека Медведев и Надал на љубителите на тенисот им овозможиле игра за паметење.

– Пет часа тениска извонредност, спортска извонредност – напиша Песков.