Сè звучи неверојатно лесно и профитабилно, но дали е навистина така?

Една компанија сака да ангажира тројца „професионални гледачи на TikTok“ кои – како што сугерира името – ќе заработат пари само со гледање клипови на TikTok. Маркетинг компанијата, Ubiquitous, нуди „скромни“ 80 фунти на час на среќниците кои ќе ја добијат работата. Тоа се околу 92 евра.

Значи, што точно се прави? Па, тројцата кандидати кои се натпреваруваат за улогата ќе гледаат десет часа клипови на TikTok и ќе добијат повеќе од 1.000 евра за нивните напори.

За време на гледањето, избраните кандидати ќе имаат задача да помогнат во откривањето на новите трендови со пополнување на едноставна форма на повторливи трендови што ги забележуваат. Не е потребно искуство, но – како што можете да си замислите – работата е популарна и тие веројатно ќе бидат преплавени со апликации.

Последен пат кога компанијата започна потрага по TikTok Watcher, се пријавија повеќе од 50.000 луѓе и тие бројки беа намалени на само еден – студент по име Росела Круз, која има скоро 75.000 следбеници на TikTok.

Зборувајќи за работата, Росела рече: „Мајка ми најде работа на Интернет, а јас сум некој што го поминува цел ден на TikTok. Ја сакам содржината. Уште од дете знаев дека сакам да бидам креатор на содржини и како и да е, го поминувам цел ден на TikTok, па затоа го сфатив ова како можност да заработам пари и да научам повеќе додека правам нешто што го сакам. ”

Џереми Будин, потпретседател за раст во Ubiquitous, рече: „Поради успехот на октомврискиот бизнис TikTok Watching, сметавме дека е правилно да го вратиме по втор пат и да ја направиме идејата уште поголема од порано.

„Не бараме експерт или познавач на TikTok, туку само бараме некој што користи TikTok прилично често и има свое активно присуство на социјалните мрежи.“ Звучи доволно едноставно, а?

Се што треба да направите е да ја пополните апликацијата и накратко да објасните зошто мислите дека ја заслужувате работата.

Сите апликанти мора да бидат постари од 18 години. Компанијата вели дека можете да ги зголемите вашите шанси со твитирање на @ubiquitousofficial зошто би биле совршени за работата.

Ако сакате да се обидете, апликациите се отворени во моментов и ќе останат отворени до 31 мај.