Филмот „Тома“ за многу кратко време собори рекорди на гледаност. Синоќа на РТС се одржа ТВ премиера, а во оваа реализација имаа можност да уживаат сите оние кои не можеа да ја гледаат во кино. Иако во филмот Љиљана е сопруга на докторот кој го лекуваше Тома, актерката Љиљана Благојевиќ се најде во центарот на вниманието. Веќе подолго време се шпекулира дали таа е всушност Љиљана на која легендарната пејачка и ја посвети песната. За време на гостувањето во една емисија, актерката откри кој всушност се крие зад стиховите на овој хит на Тома.




Љиљана Благојевиќ долго време ја чуваше информацијата за песната „За Љиљана“. Нејзината ќерка Калина при гостувањето во една емисија откри дека песната е посветена на нејзината мајка и истакна дека треба да се гордее што се крие зад стиховите.




– Најсреќна би била некој да ми напише таква песна – изјавила Калина во таа прилика.




Во емисијата „Шок поток“, Љиљана откри како всушност настанала песната и како се чувствува денеска во кафулето кога ќе ја слушне.




Тома имаше задача да напише песна посветена на докторката Ана, чиј лик Љиљана го толкуваше во серијата „Докторот од селото“. Така настана големиот хит на Тома „За Љиљана“.
Љиљана истакнува дека Тома бил многу талентиран, дека бил одличен текстописец, пејач, композитор, писател, но и актер.
– Беше прекрасно, бев пресреќна кога првпат ја слушнав песната. – истакна Љиљана.
