Во зоолошка градина во Берлин се роди ретка црвена панда, само неколку месеци откако нејзините родители пристигнале од Индија, соопштија вчера оттаму.

Младенчето е пронајдено на 6 јуни до неговата мајка и сега е големо колку морско прасе. Полот засега не е утврден и тоа сè уште нема име. Ова е 10-та црвена панда што ќе се одгледува во берлинската Зоолошка градина, како дел од меѓународна програма за заштита на загрозените видови.
– Реклама –

Младенчето најверојатно ќе биде изнесено пред посетителите во септември.

Родителите на малата панда, мајката Шине (6) и таткото Џоел (5), доаѓаат од Зоолошкиот парк Дарџилинг на Малите Хималаи, и добро се прилагодуваат во новата средина, како што се наведува во соопштението. Природното живеалиште на црвената панда се Источните Хималаи во југозападна Кина.