Празникот на жената кој се слави утре, беше посебно одбележан пред неколку години во една фирма со гест кој и тогаш се зборуваше долго време, а вреди да се потсетиме и сега што направи овој директор за своите вработени.




Овој директор во подароците ги вклучи и мажите. Хрватските медиуми на големо пишуваат за хрватскиот директор кој дефинитивно заслужува овации. Се работи за Синиша Буриќ кој е инаку директор на претпријатието Зеленило, кој на своите вработени за Осми Март-Денот на жената им подари рози, слободен ден и парична награда.




Тој на жените им подарил 400 куни, а оваа година плус 100, или 500 куни за секоја одделно.




Новина е тоа што и мажите добија за дома да ги израдуваат своите сопруги со подарок.
