Во Русија сите ги консумираат секој ден
Дали забележавте дека кога ќе се исечете, крвта премногу брзо ви згрутчува? Освен тоа, дали имате потешкотии со дишењето или имате болки во пределот на срцето, дали рацете и нозете ви се постојано ладни, без разлика на температурата во просторијата во која престојувате? Тоа се сигурни показатели дека е неопходно да се направи лабораториска анализа на крвта, бидејќи постои можност да имате проблем со коагулацијата .




Густата крв или хиперкоагулабилноста е состојба кога крвта е погуста и леплива од вообичаеното. Кога некое лице има хиперкоагулабилност, тој е склон кон вишок на згрутчување на крвта (тромби). Оваа состојба е резултат на абнормалности во процесот на згрутчување.




Фактори кои дополнително влијаат на зголеменото згрутчување на крвта се возраста, тежината, наследните фактори или присуството на хронични заболувања, а на лицата кои го имаат овој проблем им се препорачува редовна терапија која помага во разредување.




Постојат и природни „лекови“ кои ефикасно помагаат во разградување на крвта, а во кои се „колнат“ руските лекари, пишува mondo.rs.
Зелен чај, мед и ѓумбир
Еден од нив е зелениот чај со ѓумбир, мед, лимон, каранфилче и цимет. Одамна е познато дека зелениот чај има антиоксидативно дејство врз клетките на телото, помагајќи им да се спротивстават на ефектите од оксидативниот стрес.




За да го подготвите овој чај потребни ви се две лажички рендан корен од ѓумбир, две лажички мед, сок од еден лимон, три чешниња, едно стапче цимет и две литри вода.




Во сад ставете каранфилче, цимет и ѓумбир, прелијте ги со вода и варете пет минути. Потоа процедете ја добиената супа, додадете ги останатите состојки и пијте како чај во текот на денот.
Мешавина од билки
Овој рецепт не само што ќе ја намали хиперкоагулабилноста на крвта, туку помага и при нервната напнатост. Измешајте еднакви делови од глог, прав од корен од валеријана, жолта слатка детелина, матеница и маточина.




Додадете 4 лажички од смесата во 4 dl зовриена вода, покријте и оставете 4 часа. Земете половина децилитар пет пати на ден помеѓу оброците.
