Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила во средата.

„Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и алкохолни пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија“, напиша Трамп за европските давачки за вискито.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании за вино и шампањ, додаде њујоршката агенција.