Морала некако да ги натера да бидат тивки.
Американката Сандра Грајмс (26) од Њујорк опишала неодамна на Фејсбук што и се случило во текот на карантинот и како го добила најголемиот проблем во својот стан.
Девојката се пожалила дека престанала да излегува и да се дружи со луѓе бидејќи организмот поради двете операции и е чувствителен на вируси и не смеела да ризикува.




“Некако се снајдов, со лаптоп, видео повици и Нетфликс. Сепак, најголем проблем ми претставуваше парот соседи покрај мене кој секоја вечер долго водеше љубов. Притоа, како тоа да го прават животни, а не луѓе. Таа рика, вриска. Не бев осамена во размислувањето. Уште една постара соседка која живее сама на спратот реодвно ги слушала и еднаш ги предупредила, но тие не се смириле”, пишува Сандра.
После месец дена, на Сандра и станало тешко. Поради недостаток на социјален живот и нетпрение да почне процесот на ваkцинација, и се смачило.




“Наместо да легнувам околу полноќ, успеав да заспијам дури после 3 наутро. Од нив не можев да функционирам. Бидејќи се океј луѓе, пристоен пар, малку постари од мене, решив тоа да го свртам на шега. Им заѕвонив на врата во 1 наутро на врата во баде-мантил. Ми отвори жена и прашав дали може да ме примат. Беше изненадена, целосно збунета. Потоа излезе и нејзиниот сопруг, па започнав да се смеам. Морав некако да тргнам. Нападот е најдобра одбрана. После влегов кај нив на пијалок, се шегувавме до 4 наутро. Дури и се здруживме”, пишува Сандра.




“Не беа свесни каква бучава прават. Се договоривме три пати да им тропнам на радијаторот ако претераат. И навистина, во текот на зимата значајно се намали бучавата, иако тие и понатаму се сакаат. Барем можам нормално да спијам, а наскоро ваљда и оваа епидемија ќе заврши, па ќе биде полесно”, заклучила Сандра.
