Сара Андерс од Канада е кралица на трансформациите. Професионален шминкер следен од 750.000 луѓе на Тик Ток може да направи чудо. Сара, инспирирана од изгледот на музичката легенда Мараја Кери, сакала да изведе една од најрадикалните промени со помош на шминка и вештачки заби.

Речиси во сите клипови Сара прво ја забележува состојбата на лицето и забите пред трансформацијата, а потоа резултатот по шминкањето, контурирањето, цртањето веѓи и ставањето протеза која ги пополнува предните заби кои недостасуваат.

„Дали е можно ова да е истата личност“, „Речиси е неверојатно дека успеала да направи таква промена само со помош на шминка“, „Сакам да направи видео во кое чекор по чекор го прави ова чудо“ , напишаа луѓето во коментарите.

Од друга страна, дел од следбениците на Тик Ток не се воодушевени од ваквите содржини, бидејќи според нив Сара лажно се претставува и користи трикови за да „изгледа попривлечно“.

„Еве зошто мажите не им веруваат на жените“, „Се е во ред додека не се разбудите до неа наутро кога ќе и испаднат трепките, ќе и се размачка шминката и ќе и испаднат забите“.

Покрај визуелните трикови, јасно е дека Сара користи и филтри кои дополнително го менуваат нејзиниот изглед.