Ви споделуваме ФБ статус од актерот Сашо Тасевски:
Тоа што покачивте плата го направивте зашто сте принудени, зашто знаете дека сте готови како власт и партија. Ова ви е само купување време и страв од социјални немири, а не емпатија за работникот. Зашто знаевте дека синдикатот ќе влезе во генерален штрајк, зашто е веќе неподнослива оваа скапотија на струјата и храната, зашто денарот не вреди ништо.




Со 18 илјади во Тинекс купуваш храна за две три недели, она, ништо претерано и ништо од најскапото. И ти остануваат гладни седум дена. А кај се сметки, школо, градинки, облека џепарлак за деца… Да не зборувам за пари за курсеви, спорт…




Тие 18 000 сте принудени да ги дадете, откако храната во последните две години рипна преку 100 одсто.
Ако беше најевтината туна конзерва 40 денари во 2019 сега е 80 денари. На што личи тоа краставици кило 250 денари? Краставици бе, преку 90 проценти се вода.




Бензинот кога бил 83 денари? Каде живееме, во Цирих? Поскапа храна и струја плаќаме од Данци и Германци.
Се е кренато до плафон.




А пак таа плата од 18000 на нос ќе ни ја извадите со покачувањата. Ништо вие џабе не давате арамии едни.
И уште оркестрирано се фалите на 18000 сте кренале плата. Како не вви е срам?




Присилени сте, а не што сте социјално свесни. Вие сте збирштина на олигарси и богаташи и само нив ги штитите.
Лажни социјалдемократи.

