




На оваа подивена скапотија и инфлација да оставиш луѓе без плати како во ЈСП, шофери кои возат по цел ден луѓе низ скопскиот метеж, не е само неодговорност туку и тотално отсуство на човечност.
Хуманитарна катастрофа.




Ние овде можеме да правиме вицови за бесплатниот превоз и празните автобуси со духови кои возат низ градов, но тие шофери, шоферки живеат во кошмар. Се задолжуваат наоколу да можат да купат за јадење. Скопје исто одамна е кошмар.




Доживеа да остане и без јавен превоз. Дека само што не сме влегле во ЕУ, а во НАТО сме ценета членка. А за ова Тито е крив и комунистите. Тие краделе. И Груевски е крив. Он па уште нови автобуси купуваше од Кина. И возеа до вчера. Тито пак, леланди и мерцедеси автобуси купуваше. И тие возеа нон стоп.




Скопје е умрен град. Скопјани се умрени луѓе. И сите ќе умрете, што би рекла Сека во Викенд на мртовци.
