Сливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на 3 км од истоименото село Сливница во падините на Баба Планина, Македонија. Манастирката црква (Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Сливница) е посветена на Богородица.

Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница, на источниот брег од Преспанското Езеро. Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар. Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од1612 и главно во 1645 година.

Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст. Стар е 400 години. Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. Неговата обнова е започната во 1994 година и до 1998 год. обновени се 20 конаци со 90 легла. Во манастирот има и лековита вода. Манастирската црква е посветена на Света Богородица.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Домарот на црквата вели дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести особено кај малите деца и помага за пород.

– Оваа вода досега им помогнала на брачни двојки што биле во брак и по 19 години без деца. Помош бараат дури и Албанци што разбрале за нејзината чудотворност- раскажува домарот.

Имено како што вели домарот секој ден особено за викендите има многу луѓе што доаѓаат и што слушаат за светата вода која им помогнала на многу луѓе.