Короната ги уби и нејзините родители
Мајка (36) заразена со коронавирус роди син додека беше приклучена на апарати за дишење во болнички кревет во Санкт Петербург, Русија, а потоа набргу почина. Трагична судбина доживеа семејство од Русија откако Ковид 19 ги уби нејзините родители.
-Се верува дека Светлана Сорочинскаја (36) го добила коронавирусот при посетата на нејзиниот татко Киреј Пинчин (64) во болницата каде тој имал операција на срцето.
Тој починал на 5-ти ноември од Ковид-19, осум дена откако бил пуштен од болницата. Во тоа време, Светлана објавила:
– Тато, ти беше најдобриот човек на овој свет. Ќе те сакам засекогаш. Немаше доволно време да го видиш својот внук.
Веќе болна од коронавирусот, таа се жалела дека лекарите и даваат само „малку прашок за кашлица“ во борбата против вирусот. На почетокот, таа отишла во породилиштето, но кога кај неа бил потврден Ковид-19, таа била испратена во водечката болница за „Ковид-19“. Три дена подоцна, Светлана, администратор на стоматолошка клиника, предвреме го родила својот син, кого решила да го крсти по нејзиниот покоен татко. Починала неколку часа по породувањето.
-Пред нејзината смрт и смртта на нејзиниот татко, нејзината мајка Вера исто така се разболе сериозно и и беше кажано да оди во болница, но кога пристигна на 2. ноември немало слободни кревети, изјави роднината на на Светлана, Лариса Качкаева.
–И рекле: „Легнете на подот во ходникот“ – откако скенирањето покажа дека 60% од белите дробови се оштетени.
62-годишната Вера починала на 12-ти ноември. Трите смртни случаи предизвикаа битка за старателство над бебето Киреј. Разведената Светлана одби да го именува таткото на нејзиното долгоочекувано дете.
Бебето – за кое сега се грижи болницата – сега е единствениот наследник на вреден имот во Санкт Петербург, вклучувајќи и два стана. Човекот идентификуван како М тврди дека е татко на момчето и дека ќе направи ДНК-тест.
Качкаева исто така се понудила да го посвои и одгледа детето и тврди дека Светлана пред смртта негирала оти М е таткото, велејќи само дека тој бил колега.
Таа за весникот „Фонтанка“ изјавила дека Светлана и рекла оти тој не е татко на детето.
Се чека резултатот од ДНК анализата и одлуката на судот.
Kanal5.com.mk
