Во овој момент не би можела да зборувам за конкретни податоци, истрагата е многу динамична и обемна од првиот ден, а се проверуваат сите можни факти и околности! Се проверуваат сите лица кои би можеле да бидат доведени во каква било поврзаност со настанот, изјави утринава мајорот на српската полиција Бојана Отовиќ Пјановиќ, која појасни многу работи кога станува збор за настаните во Бањско Поље од минатиот вторник и исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2).

Таа утрово за Јавниот сервис објасни што се прави прво кога станува збор за исчезнување на дете и нагласи дека полициската пракса е пред се обиколка и пребарување на просторот на местото на настанот или исчезнувањето.

„Ништо не исклучуваме, истрагата е и динамична и обемна, се вршат голем број проверки, се проверува и постепено се исклучува секоја и најмала индикација или сомневање дека некое лице може да се доведе во врска со случајот и постепено се исклучува – вели Отовиќ Пјановиќ. Би сакала девојчето да е живо и се надевам и посакувам исходот да биде позитивен“ – изјави таа.

„Како што велат самите жители на Бор, досега не виделе толку модерна техничка опрема на едно место, активирани се сите служби… Истрагата и претресот не само што се вршеа во тесен круг, туку се проширија и на граничните премини, како и приодите и патиштата до границата“, вели мајорката и додава:

„Како цела Србија да беше во Бор, имаше толку народ на тие 10.000 квадрати, толку народ, сите служби, а таму беше и министерот за внатрешни работи… Да ги отворивме сите шахти, сите каналите… Во овој момент се чувствувам како родител и човек, тешко ми е да кажам што може да се бара… можеше да е несреќен случај. Ако ја отфрлиме таа можност, истрагата потоа продолжува за да се види дали станува збор за кривично дело“ вели Пјановиќ, детално објаснувајќи ја полициската постапка и чекорите на постапување кога станува збор за ваков вид истрага и претрес.

„Во моментот кога се појави видеото од Виена, со координација, најпрвин работевме на проверка на веродостојноста на видеото бидејќи имаше се на мрежите, а веднаш потоа беше воспоставен личен контакт со човекот кој го снимил. Потоа во координација со нас тој отиде и поднесе пријава, па истата вечер беше распишана жолта потерница на Интерпол (потрага по исчезнати)“, полициската мајорка.

„Што се однесува до мене, сега сите се осомничени“

„Оние кои се осомничени не можат да зборуваат бидејќи тоа не би било ниту стручно ниту одговорно. Што се однесува до мене, сега сите се осомничени! Се земаат сите снимки од сите можни камери, се проверува се, а тоа не се прави само во Бор, туку и во полициските управи во околните градови, туку и во Белград, 24 часа во смени – вели Пјановиќ.