Текстот е фикција/фантазија базиран на вистинскиот настан – на бугарски пасош откриен од бугарската и европската полиција на име Силвестер Сталоне, познат по улогата на Рамбо. Дали Размес IIри ќе гласа на изборите во Бугарија и за кого?




На 29ти Јануари,Бугарските власти објавија дека соработка со Еуропол дека разбиле криминален ланец кој печател фалсификувани банкноти и високо квалитетни лажни документи.
Меѓу документите имало и лажен пасош со слика и податоци на американскиот актер Силвестер Сталоне, чија цел била да ги импресионира потенцијалните клиенти.




Сега останува нејасно, дали овој пасош е изработен со цел импресионирање на 19та династијата на стариот Египет, или целлта е некоја од бугарските партии да освојат глас повеќе. Прв, според последните анкети кои доаѓаат од Бугарија, има потреба за повеќе гласови е елегантниот министер за одбрана – Каракачанов, но тука е и политичкиот мачо-мен Џамбазски, и преубавата министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.




Неофицијално Канал 5 дознава дека како потенцијални гласачи се очекува да се појават Елвис Присли, Мајкл Џексон, Диего Марадона, но и Бата Живојиновиќ.
Останува да продолжиме да ги следиме одблиску Априлските парламентарни избори во Бугарија, можеби Рамзес IIри ќе биде новиот Премиер на нашите „браќа“ и соседи од истокот?




Текстот е фикција/фантазија со цел да ги „забавува“ и „насмее“ нашите многубројни читатели од „братска„ или „татковска“ Бугарија, со надеж дека наскоро ќе видиме и пасош од Наполеон Бонапарта со место на раѓање – Петрич, па можеби ќе го слушнеме како зборува „македонски“?
Канал5
