Како млад се населил во градот Нисивија, каде што влегол во манастир, се крстил и се замонашил.

Свети Дометиј е роден во Персија како незнабожец , во времето на царот Константин Велики (305-337).

Како млад се населил во градот Нисивија, каде што влегол во манастир, се крстил и се замонашил. Наскоро отишол во манастирот на светите маченици Сергиј и Евнух, во градот Теодосиопол.

Архимандритот и игумен Уврел го направил за ѓакон, а кога сакал да му даде свештенички чин, Доментиј побегнал во една напуштена планина и таму живеел како пустиник. Потоа се населил во една пештера, каде што направил многу чуда.

На овој ден, според верувањата, болните добиваат шанса да бидат излекувани од Дометиј. Умрел затоа што одел по светата земја и лекувал болни, се дознало затоа што брзо се рашириле вести за чуда.

Царот Јулијан Отпадникот (361-363), слушајќи за свети Дометиј, им наредил на своите слуги да го најдат и да го закопаат со камења.

Го нашле Дометиј со двајца ученици како се поклонуваат, ги нападнале и ги убиле со камења. Нивното мачеништво се случило во 363 година.