Кога влегла во куќата, ги следела црвените траги сè до софата која била набраздена




Неодамна една мама на социјалните мрежи објави кратка „хорор“ приказна за која виновник е нејзиниот мал син… Имено, Џесика Хеј на Фејсбук откри како го оставила својот мал син сам на само неколку минути, но тоа било доволно да му направи на малиот буквално несреќа.




Кога се вратила имала што да види – розовите дамки низ целата куќа не ветувале добро. “Беше премногу тивко и мислев дека не мириса добро. Влезе во мојата кујна и изгледаше како вампир кој штотуку се почестил”, живо ја започна Џесика целата приказна, додавајќи дека малиот Луис всушност си играл со нејзиниот размачкан кармин. Секаде над себе, но и на мебелот.




Најголема штета претрпе светлиот тросед во дневната соба. „Ги следев црвените траги кои ме одведоа до софата. Таму ме дочека масакр“, додала оваа мајка.




Откако на почетокот била прилично изнервирана, убедена дека нема друг избор освен да ја фрли софата, решила да побара помош на Интернет, а сурфајќи на Google, дошла до совет дека најчестиот детергент за садови всушност може да помогне, иако со многу чистење.




“Сè уште сум во неверување и постојано го проверувам каучот за да се уверам дека сето тоа не е само илузија. Повторно изгледа како ново, доказите се уништени и сè е вратено на старо”, заклучила таа и советувала дека пред да го измиете целиот тросед со детергент, пробајте го на мало парче ткаенина за да проверите како реагира.

