Ги фатив на лице место. Наместо да работи, тој работеше со жена ми, но на нешто друго. Работеа зад мој грб, а таа ја изневери сета моја доверба која ја имав во изминатиов период. Тоа беше страшно чувство, вели Лопез Родригез.

Турскиот актер Џан Јаман стави точка на гласините и потвди дека е во врска со италијанската новинарка Дилет Леот, која важи за една од најубавите во професијата.

Тој на Инстаграм објави фотографија на која позираат на стрелање. Опасен пар, се вели во описот на фотографијата.

За оваа врска се „шушка“ од почетокот на годината откако беа видени заедно во ист хотели во Рим.