Изградбата на гасоводот Северен поток 2, од Русија до Германија, во данските води, треба да заврши до крајот на април, соопшти денеска данската поморска управа.

Изградбата беше прекината во декември 2019 година, откако Соединетите држави објавија санкции против проектот, но германската влада застана позади овој проект и работата продолжи, објави Ројтерс.

Гасоводот е претежно завршен, но остануваат да се довршат уште околу 120 километри во данските води и скоро 30 километри во германските води пред тој да стигне до северниот германски брег во градот Лубмин, близу Грајфсвалд.

Бродот за поставување на гасоводните цевки Фортуна, по завршените поморски тестови, продолжи да работи на Северен поток 2 во водите на Данска, на преостанатите 148 километри од трасата, објави во саботата операторот на проектот Северен поток 2.

Бродот Фортуна, кој ја продолжи работата на изградбата на гасоводот Северен поток 2, успешно ги изврши тестови на 24 јануари и започна да поставува цевки во данските води, се наведува во соопштението.