Се зборува дека живее во изнајмен стан и дека летува како и сите нормални луѓе: Вака изгледа Ангела Меркел во костим за капење(фото)




Таа е една од најмоќните жени на планетата за која сме навикнати да ја гледаме само во деловни одела и на службена должност. Но, што се случува кога папараците ќе ја фатат на плажа?




Жената која до неодамна Германците ја нарекуваа „мама“, а остатокот од светот „европска кралица“, Ангела Меркел (68), ја препознаваме по едноставните модни комбинации кои секогаш, без исклучок, ѝ доликуваат на нејзината возраст и титулата што ја имаше – германската канцеларка.




Но, и таа како и сите други има право на летен одмор. Така, пред неколку години Меркел беше фотографирана на плажа – и тоа во костим за капење. Многу ретко можевме да ја видиме во нешто полежерно, а камоли во костим за капење, па фотографиите од првата жена од Германија во вакво издание ја обиколија планетата со брзина на светлината.




Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на Универзитетот во Берлин. Тој не сака публицитет и не се појави во јавноста ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Сака опера и пешачење, а лета со евтини летови дури и кога му било дозволено да патува со Ангела и со службените авиони. Поради неговиот интерес за операта, а и недостигот од него во јавноста, Германците го нарекуваат „Фантомот од операта“.




Се зборува дека живеат под кирија, а времето најчесто го поминуваат во читање или готвење.




Ангела Меркел ја напушти политиката на 8 декември 2021 година.



ИЗВОР:NOVI.BA
