На социјалните мрежи се појави домејн „vaksajns.mk“, за кој се кренаа лавина од реакции.

Сопственик на истиот односно домејнот е регистриран од Адил Бакиу, кој се огласи на Фејсбук.

Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.

Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години.

Министерство за здравство го пријави во МВР доменот vaksajns.mk од кој граѓаните се пренасочуваат кон vakcinacija.mk

Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој вчера создаде забуна кај граѓаните за тоа каде треба да се пријават за вакцинација против ковид-19.

Иста е ситуацијата и денеска. Со најава на www.vaksajns.mk, автоматски се отвора страницата www.vakcinacija.mk.

Од МЗ велат дека се работи за упад во официјалната страница на Министерството и поради тоа пријавиле во МВР.