Турската актерка Дилара Аксујек ги освои срцата на гледачите со улогите во сериите „Милост“ и „Истанбулската невеста“, а сега се следи секој нејзин професионален и приватен чекор.




Познато е дека Дилара до неодамна беше во врска со колега, турскиот актер Чeјхун Менгироглу, сепак, нивната љубов се „скрши“, а Дилара сега се чини дека има ново момче.




Имено, Дилара и Чејхун поминаа пет години заедно, а причината за распадот на нивната врска не е позната. Сепак, Дилара не губи време, па сега е фатена во друштво на девет години помладиот турски актер Онур Беј.




Дилара Аксујек е една од омилените турски актерки, која во јавноста остана запаметена по серијата „Истанбулска невеста“.




Отидовме до нејзиниот профил на Инстаграм и ги најдовме најновите слики.

Еве како изгледа актерката денес:

