-Се соочуваме со огромна бројка на новодијагностицирани и хоспитализирани пациенти, празниците коишто доаѓаат може дополнително да ја комплицираат епидемиолошката ситуација и со цел да не се створи дополнително оптеретување на здравствениот систем воведуваме дополнителни рестриктивни мерки.

-Многу земји се соочуваат со исто така тежок бран така е во Србија, Црна Гора, така е во Бугарија, така е во многу земји од средна Европа. Болеста е еднаква во сите земји во регионот за разлика од минатогодишниот просек од 7 на вкупниот број хоспитализрани, сега се хоспитализирани околу 12 % кај нас и согласно тоа зголемен број на смртни случаи.

-Смртноста висока е насекаде во регионот. Во изминатите денови за жал се бележат негативни рекорди секаде во регионот и кај нас. Во моментот повисока смртност бележат четири земји од регионот а тоа се Црна гора со починати 2078 граѓани на милион жители, Босна и Херцеговина со 2071 на милион, понатаму Бугарија со 1967 и Словенија со 1963 смртни исходи на милион жители. Кај нас според послените анализи почитати се 1891 пациети на еден милион жители.

-Секаде во државата кадешто е потребно активирани се модуларните ковид одделенија, а последно со работа започна ковид одделението во Битола, во функција е ставена и Болницата во Козле. Во Куманово, Битола, Кичево и Тетово сеуште е висока инциденцата и покрај намалувањето на истата во некои градови прави дополнителен притисок врз целокупниот здравствен систем.

-Клиничката слика на болеста е многу различна од претходната, хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходниот бран кога во 14 ден на лекувањето пациентот во најголем број од случаите се сметаше дека е веќе излечен. Сега дури и кај помлади пациенти има влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето.

-Во моментов вкупната бројка на вакцинирани граѓани е 10.000. Денеска започна вакцинација во А1 Арената Борис Трајковски, каде на еден час се вакцинираат по 300 граѓани, предвидено е околу 3000 граѓани да се вакцинираат на ден, оптимално бројот може да биде и 7000 во следниот период согласно доаѓањето на вакцините. Вакцинацијата непречено се одвива и на сите пунктови каде се вакцинираат повозрасни граѓани низ државата.

-Месецов се очекува да пристигне значајно поголема количина вакцини од сите производители и согласно Националниот план да бидат распределени по возрасни групи и за вработени кои имаат навистина голем ризик да заболат и вакцинацијата да продолжи.

-Апелирам граѓаните да ги почитуваат новите мерки индивидуалната одговорност е исклучително битна, бројките значајно ќе се намалат во следниот период и едноставно за пократко време излеземе и од овој трет бран.