Кога застанала на вагата и видела дека има повеќе од 130 килограми, Меган решила да ги исфрли сите грицки од дома и да отвори нов профил на Инстаграм.




Кога во јануари 2017 година се здебелила вкупно 136 килограми, Меган Ленс (27) сфатила дека сепак мора да фрла грицки и фрапучино, а најголемиот проблем е што немала самоконтрола!
Година и пол подоцна стана популарна блогерка бидејќи во мај 2018 година, една нејзина објава стана вирален хит – поточно фотографија на која ја покажа својата фантастична трансформација.




Ленс изгуби нешто помалку од 60 килограми, но усвои нов начин на живот.
– Секојдневните активности ме изморија премногу. Се срамев кога влегов без здив во училницата бидејќи ми беше тешко да се качувам по скалите – изјави таа за „Здравје“.
За да ослабе што поефикасно, Меган се откажа од брзата храна и почна да готви дома, а потоа се посвети на секојдневните тренинзи.




Прво издвоила пари за фитнес машини, а кога ги купила почнала да тренира по еден час секој ден.
– Беше страшно на почетокот. Но, успеав, со текот на времето тренингот стана полесен и набрзо ги видов резултатите – изјави таа.
Ленс креираше профил на Инстаграм за да ги мотивира другите да ослабат, а таа редовно споделува видеа од теретана и прикачува различни мотивациони пораки.




Бидејќи најголеми виновници за нејзината тежина биле грицките и самата навика за грицкање – Меган вели дека лесно се снашла со овој проблем и и ден денес гризе, но само зеленчук.
– Со текот на времето почнав да се чувствувам како да имам се повеќе енергија. Облеката почна подобро да ми стои и добив нова самодоверба.
