На социјалните мрежи често ги дознаваме скриените функции на нештата кои погрешно ги користиме со години, а вака неодамна една девојка откри за што всушност служат рачките над прозорците во автомобилите.

Корисникот @sanne_vberkel објави видео на TikTok кое покажува како всушност се користи рачката на автомобилот, собрајќи повеќе од 7,1 милиони прегледи од шокирани корисници.

Видеото започнува со тоа што таа ја повлекува рачката над совозачкиот прозорец пред да ја сврти малата брава навнатре. Оваа кука ја држи рачката на место, што го олеснува закачувањето на работите.

Ова можеби нема да работи за секој автомобил, но вреди да се провери дали рачките на вашиот автомобил работат.

Бројни корисници на TikTok беа шокирани од оваа функција, признавајќи дека никогаш немало да им текне, а во коментарите брзо открија дека повеќе учат на социјалните мрежи отколку во реалниот живот, пренесува Večernji.hr.

Видеото погледнете го ТУКА.