Познатиот метеоролог Недељко Тодоровиќ се вклучи во утринската програма каде откри какво време не очекува до месец март.

Имено, тој пред се изјави дека толку голем утрински минус се очекува до недела.

– До недела, 12 февруари, ќе биде изразен утрински мраз. Иако секој ден ќе дава за степен или два. Во исто време максималната дневна температура ќе биде во пораст. Така во сабота и недела ќе биде од 3 до 7 степени што е значителна промена.

Во сабота навечер, односно во недела навечер ќе има облачност и врнежи од дожд. Таа ноќ ќе почне со снег, а потоа ќе прерасне во дожд. Количината на врнежи би била мала. Снег ќе врне во планинските региони, но нема значително да ја промени висината на постојната снежна покривка која е обилна – изјави метеорологот.

Тодоровиќ оцени дека најтоплата недела во февруари ќе биде од 13 до 20 февруари.

– По неделата ќе има благ пораст на температурата. Таа недела помеѓу 13 и 20 февруари би била сува. Сè уште ќе има утрински мразови, но многу малку.

Максималната температура би се искачила толку многу што во периодот од 15 до 20 февруари би достигнала вредности од 10 до 13 степени.

Тоа би бил најтоплиот период кој се очекува во месец февруари бидејќи од 20 февруари ќе има благ пад на температурата и малку почеста појава на облачност. Не можам да ја исклучам можноста да има снег во пониските предели – истакна метеорологот.