Новак Ѓоковиќ беше сериозно тестиран и во второто коло на Аустралијан Опен, па иако не одигра на највисоко можно ниво, светскиот рекет број еден направи доволно за да оствари победа.
Во четвртиот сет, кога резултатот беше 2:2, дојде до расправии со некој од публиката. Не беше јасно што точно се случило, но Новак му пријде на некого од трибините.
Тој отиде речиси до крајот на теренот каде што почнуваат трибините и повика некого од публиката да се симне кај него. „Слези и кажи ми го в лице, му рече Новак на навивачот“, а тоа го сними и камерата за време на преносот.

