Слепиот имал уверување дека повторно ќе прогледа, иако не гледал цели 14 години. Тој верува дека Исус го излекувал и Му се заблагодарува со сето свое срце.
Ние, христијаните, знаеме дека во овој живот ќе поминеме низ многу искушенија, тие се клучни за да можеме да имаме живот.




Исус рекол во Марко 8:34: „Ако некој сака да тргне по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене“.
Слепиот свештеник од Вирџинија останал на верувањето дека повторно ќе прогледа иако немал вид цели 14 години, но Бог интервенирал што довело до операција поради која свештеникот повторно погледнал.




На пасторот Филип Дан му била дијагностицирана катаракта кога имал 45 години. Започна со заматен вид и заврши со целосно слепило, иако лекарите рекоа дека ќе помине долго време пред болеста да почне да го мачи.
Исто така, му била дијагностицирана макуларна дегенерација која му предизвикала дополнително оштетување на видот.




Неговиот свет одеднаш стана мрачен, но тој продолжи да проповеда светлина во животите на членовите на неговата црква во Чарлстон.
Тој често ја слушал аудио Библијата додека се подготвувал за проповеди и потајно се надевал дека Бог еден ден ќе му го врати видот. Тој рече: „Во моето срце знаев дека ќе видам, само не знаев кога“.




Тој додаде: „Дури и кога видот ми се влошуваше многу и сè стануваше потешко, секој ден кога ќе се будев, се будев со очекување дека можеби тој ден ќе го добијам моето чудо“.
Беа потребни години трпение, но Филип конечно го доби своето чудо.




Се започнало кога почнал да добива силни главоболки на левото око. Лекарите решиле веднаш да го оперираат мислејќи дека се работи за руптура. По операцијата, тој имал превез на очите додека се опоравувал, но кога подоцна го извадил, буквално не можел да им верува на своите очи.




„Отидов во кујната и жена ми ме праша: „Душо, го извади завојот, што гледаш?“. Реков дека ја видов. Таа е првата личност што ја видов по 14 години“, изјави Филип.
Тој верува дека Исус го излекувал и Му се заблагодарува со сето свое срце.




Сега Филип гледа низ фотографии на важни настани кои не ги видел во текот на 14 години. Тој е и пресреќен што конечно може да ги види своите внуци.
Доверете му ја целата своја грижа на БОГ, зашто тој се грижи за вас“.
