Луѓето од целиот регион често се многу носталгични за поранешна Југославија, начинот на живот во неа и навиките, храната, изгледот, гардеробата, филмовите, музиката и воопшто трендовите кои ја одбележаа оваа ера.




Неодамна, корисниците на социјалните мрежи се потсетија како е да се одмора во поранешна Југославија – и се чини дека беше крајно поразличен од денешниот. Дали е подобро или полошо – оставаме на вас да процените.




Имено, на Фејсбук страницата „Носталгија“ споделија фотографија од плажа во Хрватска од 80-тите години на минатиот век, на која се гледа колку тогаш биле безгрижни, опуштени и некомплицирани луѓето.




Нема трага од лежалки – многумина немаат ни крпа, нема интернет на повидок, сите се дружат и разговараат меѓу себе и се чини дека има прилично хармонична атмосфера, без стрес и трка за најдобро место на плажа или плаќање за да се влезе воопшто.




Фотографијата собра над 7 илјади лајкови и бројни коментари во ист тон – сите забележуваат дека се било порелаксирано и дека тогаш плажите не биле уште едно средство за заработка. Сите плажи беа достапни за секого, а „уценувањето“ лежалки за да уживаат во нив беше незамисливо.




„Излегуваш од морето, легнуваш влажен во песокот. И ете, за чудо преживуваш“, „Не лежалки, нема лежалки, летото така поминав и беше супер“, „Без крпи, не лежалки, без фактор 50 и без лежалка, четворица седат на еден душек, не се тесни, разговараат, се смеат, се дружат, фокусирани еден на друг, задоволни и благодарни.




Некои поранешни и минати времиња, похумани и побогати , некако нереално како на разгледница“, „Песок без лежалки и чадор, важно морето и сонце и задоволство“, „Убаво ни беше, никогаш повеќе тој опуштен и нормален живот. Не ни беше доста ама бевме задоволни“, „Имаше место за сите, не само за оние со длабоки џебови и немаше лежалки и чадори, се само дел од коментарите.

