Првите словачки пациенти со ковид-19 се примени во соседна Полска, а други се очекува да пристигнат во Германија, за да и помогнат на таа држава, која има највисока стапка на смртност од ковид 19 во светот.




Тројца пациенти сега се во Полска. Веројатно ќе пристигнат уште пациенти, изјави за Полсат њуз полскиот заменик министер за здравство Валдемар Краска .
Првите двајца словачки пациенти требаше да пристигнат во Дортмунд вчера попладне, објави владата на Северна Рајна-Вестфалија. Уште осум пациенти ќе пристигнат во наредните денови.




Полска и Германија досега понудија по десет легла на словачки пациенти, коментираат од Братислава.
Полска исто така чека сигнал од чешките власти за прием на првиот пациент од таа земја, додаде Валдемар Краска.
Според полски службеник, пациентите пренесени во Братислава и Прага се во сериозна состојба и имаат потреба од респиратори.




Словачка, членка на ЕУ со 5,4 милиони жители, има просечно 24,09 смртни случаи на 100 000 жители во последните 14 дена, што е највисока стапка на смртност во светот. Следува соседна Чешка со стапка од 22,52 смртни случаи на 100 000 жители, според Франс Прес.
