Анонимна жена од Австралија се огласила на форумот Мамснет со цел да ја сподели нејзината приказна. Имено, таа неодамна дознала дека нејзиниот сопруг ја измамувал не со една туку со три жени.
Огорчената Австралијанка на почетокот нагласила дека таа и сопругот биле во врска цели 11 години, од кои шест во брак.




Имаме две мали сина, добри работни места и хармоничен брак. Иако сме во брак шест години, чувствувам дека сите 11 години дур бевме заедно имавме посебна врска. Навистина ми беше посветен, како и јас нему, а имавме и големи планови. Но еден ден се падна во вода. Се започна со неговите изненадувачки заклучувања во тоалетот. Секогаш го носеше со себе телефонот и оддеднаш имаше шифра на него. Порано често ги озборуваше двојките кои имаат шифри на телефоните, велејќи дека тоа го прават само неверните партнери, пишува таа.




Таа почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува кога неговата колешка почнала да му ѕвони на домашниот телефон.
-Ми се правдаше дека тие двајца работат на проект заедно и дека мора да комуницираат и вон работно време. Потоа почна да излегува и навечер за да се ја завршат работата побрзо. Еднаш го остави телефонот на стол и отиде во кујна да подготвува вечера. Му ги видов пораките и се ми стана јасно. Колешката имаше мил прекар а некои од нивните преписки беа жешки. Најмногу ме шокираше што тој не се допишуваше само со неа, туку со уште две непознати жени. Ме изневеруваше со три жени во исто време, пишува огорчената жена.
Следната вечер таа го повикала на разговор.




-Глумев дека сум добро и дека сакам да гледаме филм. Намерно одбрав филм каде мажот ја изневерува жената на сличен начин како што тој ме изневерува мене. Се сврте на другата страна и ми кажа дека му е досаден филмот. Потоа го исклучив телевизорот и го прашав “Што ти пречи филмот, па ликот е ист како тебе?”. Тој поцрвне и ме праша зошто зборувам вакви работи. Потоа се скаравме бидејќи го разоткрив. Фотографирав неколку пораки од неговиот телефон таа вечер. Немаше каде да бега. Му реков да се спакува и да си оди. Да ги бакне децата за добра ноќ, бидејќи ова ќе му е последната мирна и идилична ноќ, вели таа.




По разговорот, изневерената жена се спакувала и отишла да живее кај нејзините родители додека пак нејзиниот сопруг останала да живее во куќата со синот од неговиот прв брак.
-Постојано ми се јавува и ме моли за прошка. А неговиот син исто така е постојано тажен бидејќи ептен го засакав. Не знам што да правам, завршила жената.




Другите корисници на платформата и дале поддршка и и нагласиле дека мора да издржи со одлуката, бидејќи во спротивно тој ќе продолжи да ја изневерува.
