Тоа не му пречеше на тато, но тој радосно се смееше, заедно со мама, која гордо го снимаше сето тоа
Да се стане и да се биде родител е едно од најубавите чувства што човек може да ги доживее. Во прилог на ова, има едно прекрасно видео од Грција , кое покажува како мало девојче се грижи за својот татко.
Имено, во фејсбук групата „Во живо од Грција“ беше објавено видео од мало девојче кое го мачка тато со крема за сончање.
Тоа не му пречеше на тато, но тој радосно се смееше, заедно со мама, која гордо го снимаше сето тоа.
Тоа беше игра на неговата ќерка која сака да става крем на левата страна од телото, бидејќи целата десна страна од телото, вклучувајќи ја брадата и очилата за сонце, е целосно бела.
„Добра заштита“, стои во описот на видеото кое насмеа многумина.
“Толку прекрасно! Тато сигурно не изгоре!”
„Жено, ни треба повеќе крема за сончање“
„Никогаш нема да изгори“ „Имунитет на сонце уште сто лета“, гласат коментарите.
