Резултатот ќе го имате за минута, ова е едноставен тест со кој можете да си помогнете




Доколку имате голем број на проблеми кои досега не сте ги имале, ако ви паѓа косата или се здебелите без причина, треба да ја проверите состојбата на тироидната жлезда.




За да ја поставите вистинската дијагноза, мора да се консултирате со специјалист, но постојат неколку методи за да проверите пред да одите на лекар, дали оваа жлезда работи правилно.




Земете една чаша вода и застанете пред огледало. Пијте што е можно повеќе голтки и застанете пред огледалото за да можете да ја видите клучната коска. Почнете да голтате вода во мали голтки и погледнете се во огледало.




Доколку забележите дека при голтање ви се појавува оток на вратот над клучната коска, тоа значи дека жлездата е зголемена. Овој тест открива дали имате хипертироидизам (прекумерно производство на тироидни хормони) или не.
Со хипотироидизам, фоликулите на косата стануваат нефункционални и косата почнува да опаѓа. Меѓутоа, бидејќи губењето на косата на главата може да се припише на различни проблеми, тогаш губењето на косата на веѓите е сигнал за тревога. Во тој случај, мора итно да се консултирате со специјалист.




Ова може да го одредите и со тест, а потребен ви е обичен молив. Застанете пред огледало и ставете го моливот исправено на надворешниот агол на окото. Чувајте го строго паралелно со носот.




Доколку нема проблем, работ на веѓата треба да „излезе“ надвор од линијата на моливот. Ако тоа не е случај, задолжително консултирајте се со лекар.
