Дали сте слушнале за таканаречена длабока држава? Да? Но веројатно не знаете дека вистинското име им е тајна влада или влада во сенка.

Длабока држава (дип стејт) има многу имиња. Ги опфаќа сите водечки позиции во општеството. Таа стои позади секој голем кон фликт во историјата на човештвото, позади политичките елиминации, позади создавање на поголемиот (ако не и сите) религиозни доктрини и нивни гранки, како и позади структурите на денешното општество, образование во училиштата и високообразовни установи. Секако, таа стои и позади модерниот монетарен систем, на кои се потпира целиот свет.

Длабока држава стои позади појавата на такви светски религии како што се јудаизмот и христијанството во облик како што ги познавате денес, како и уредувањето и авторството на две третини од светите списи кои припаѓаа на овие вери.

Сегашната Римокатоличка црква, заедно со етаблираната институција на папата, отсекогаш, од самото основање, била инструмент на таа иста длабока држава, пишува српски ВебТрибјун.

Исто така, Католичката црква, со Ватикан на чело, била речиси најголем сопственик на информации и материјални предмети кои може многу да раскажат за приказната која се обидуваат да ја сокријат.

Длабоката држава ја надгледува работата на 90% од научниот свет, и без оглед на тоа кои теории ги изнесуваат, тие или не допираат до пошироката јавност, или доаѓаат во искривен и некомплетен облик.

Поголемиот дел од нашите легендарни научници по правило цел живот работеле за дип стејт, реализирајќи ги најсмелите и најлудите изуми. Како на пример, Ајнштајн, Џон фон Нојман, Опенхајмер и многу други.

Многу безимени генијалци го завршиле својот живот во заборав, бидејќи идеите кои ги предложиле далеку пред своето време претставувале зк ана и можеле да ги ослободат луѓето од длабоката држава.

Длабоката држава во изминатите неколку илјади години направила добра работа со светската популација.

Според пишувањата, во внатрешноста на длабоката држава постојат 6 дисциплини за изучување и секој нејзин член поминува опсежна обука во секоја од нив од раното детство.

Секоја има своја област на специјализација, иако секој има искуство во сите области. Шесте подрачја или училишни студии се во ени, управувачки, духовни, образовни, лидерски и научни.

Во пракса, тие покриваат клучни места во сите поголеми области, користејќи ја медиумската машинерија која ја контролираат и ги поседуваат нашите финансиски институции. На тој начин го покриваат целиот систем од нашето општество.