Утрото е период кога нашето тело се буди и започнува нов ден. Како и со што го започнуваме денот, има некои последици за нас




Според рецептот БАБА: Пржени лепчиња на здрав начин за совршено ЕНЕРГЕТСКИ почеток на денот на вашето ДЕТЕ! Се идеални. Тие се екстремно брзи и лесни за правење и се многу вкусни!




Ние ги нарекуваме „Пржени лепчиња со јајца“, а светот „Француски тост“ Многу позната храна во Македонија, најчесто се служи за доручек. Ова е еден од најдобрите начини да се искористи бајатиот леб. Најдобро е ако лебот е стар околу 2 дена.
Состојки:
- 8-10 парчиња леб
- 5 јајца
- малку млеко или јогурт (по желба)
- сол по вкус
- масло за пржење
Подготовка:




- Исечете го лебот на парчиња со дебелина 2-3 цм.
- Јајцата изматете ги со вилушка или жица. Додадете сол.
- Додадете малку млеко или јогурт.
Измешајте.
Загрејте го маслото. Секое парче леб потопете го во јајцата и веднаш ставете да се пржи во загреаното масло на средна температура. Превртете ги на другата страна по некое време и внимавајте да не загорат. Повторете го истото и сопреостанатите парчиња леб. Додадете уште масло ако е потребно.




Ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот на масло.
Послужете со битолски јогурт и сирење за појадок или вечера.
