Најмалку 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Вкупниот број на повредени сега е поголем од 15.500, врз основа на информации од различни новински агенции.

Најмалку 13.293 луѓе се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица. Турската Агенција за справување со катастрофи соопшти дека во Турција загинале најмалку 2.316 луѓе.

И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќе во Алепо се случи чудо. Имено, жена под урнатините на свет донела ждраво бебе, но за жал истата не го преживеала резорниот земјотрес.

На видеото во продолжение се гледа моментот како еден маж го носи штотолку роденото бебенце на потребната прва помош.