Речиси и да нема природен лек кој не вклучува лук во рецептот и тоа со добра причина. А ако го помешате со мед, резултатите ќе ве остават без зборови.




Комбинацијата на мед и лук е позната уште од античко време како исклучително ефикасен природен лек за кашлица. Предноста на овие природни лековити состојки е што можете да ги набавите во секое време од годината, а голема е веројатноста дека секогаш ќе ги имате при рака во вашата кујна.




Исто така, кога подготвувате препарати од овие состојки, знаете кои состојки сте ги користеле, за разлика од сирупите од продавница или други производи кои често содржат конзерванси, вештачки бои и мириси.




Суровиот лук помага во намалување на крвниот притисок и холестеролот, во превенција од срцеви заболувања и срцев удар. Одличен е и за намалување на последиците од атеросклероза, а ги олеснува и проблемите со висока температура, треска, дијареа, настинки и грип, како и габични инфекции. Ги ублажува и симптомите на дијабетес, зголемена простата и остеоартритис. Згора на се, се крева имунитетот.




А еве како да го подготвите овој еликсир, рецептот е прилично едноставен.
Се подготвуваат така што се сечкаат 2-3 чешниња лук и се ставаат во тегла со мед. Оставете ја смесата да отстои додека не се соедини. Доволно е да пиете по една лажица од овој лек секое утро 7 последователни дена и вашиот организам ќе доживее неверојатна промена!




Лукот најдобро се консумира сиров доколку го консумирате поради здравствени проблеми. Едноставно смачкајте го чанот, оставете го да отстои 15 минути и потоа изедете го. Важно е да го изгмечите бидејќи само така ќе активирате реакција која ја зголемува содржината на алицин во него.
