Конечно се случи и тоа, некој да му застане на патот на Зоран Заев и на неговите лудории.




Заев не прави компромиси, не прави отстапки, туку прави работи кои се на штета на државата и на граѓаните на Република Македонија. Директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски покажа дека има луѓе со достоинство.
Водата ја прели чашата што би рекле „мој, мој, па преку мој“.




Пазарната инспекција изминатава година беше на висина на својата задача и не само мината туку и претходните години под раководство на Стојко Пауновски. Наместо да се подобрат материјално-техничките услови за работа, некој со сила се обидува да му утрапи несоодветни кадри.




Стојко вели, тој некој, па и нека биде премиерот, не попуштам!
Браво Пауновски! Мој тип!




Ако сум во право не попуштам никому, не премиер, свети премиер нека биде.
Посебно ми се допаѓа што овој директор на важен инспекторат не му кренал телефон на премиерот.




По се изгледа Зоран Заев не заслужил да го почести со последен службен разговор поранешниот пратеник а сегашен директор на Пазарна инспекција Стојко Пауновски.
