Стотици возила вечерва се блокирани кај Блаце, во меѓузоната на границата меѓу Косово и Македонија, објавува Алсат.
Повеќето од нив се со македонски регистарски таблички. Во моментов не се познати причините за блокадата, но тоа предизвика голема нервоза кај патниците бидејќи наскоро почнува полицискиот час.

Некои возачи велат дека повеќе од еден час македонските погранични власти не презеле ниту еден чекор за решавање на оваа состојба.

Според „Слободен печат“, неофицијално, во моментов не е во функција системот за електронско евидентирање. Од таму велат дека засега тие се евидентираат мануелно.


Alsat