Не е ретка ситуација кога ќе го исчистите лицето од мозолчиња и акни, зад нив да останат лузни во вид на темни дамки. Оваа маска ќе ви помогне да се ослободите од нив…

За да ја подготвите маската ќе ви требаат:

  • една кафена лажичка мед
  • една кафена лажичка цимет (или две капки есенцијално масло од цимет)

Подготовка:

Добро измешајте мед со цимет и нанесете на проблематичните делови од лицето (дамки). Оставете да делува 20-25 минути и исплакнете со вода. Маската (подготвената смеса) можете да ја чувате во фрижидер 4-5 дена. Потоа земете друга мерка.

Исто така, оваа маска за лице можете да ја нанесете не само на проблематичните делови, туку и на целото лице. Маската се чува на лицето 10 минути.

Контраиндикации:

Оваа маска не се препорачува за луѓе кои боледуваат од купероза, розацеа и други васкуларни кожни заболувања, бидејќи медот уште повеќе ги шири крвните садови.

Белата или зелената глина може да послужи како замена за мед. Во исти пропорции се меша со цимет во прав и се разредува со вода до саканата конзистентност.

Есенцијалното масло од чајно дрво, измешано во еднакви пропорции со есенцијално масло од лаванда и сок од лимон (1: 1: 1), е исто така многу ефикасно за отстранување на трагите и флеките од лицето, предизвикани од акни и мозолчиња.

Смесата се нанесува на проблематичните делови од лицето и се остава да делува 15 минути. Остатоците се отстрануваат со влажна крпа. Се применува секој втор ден. По еден месец примена на оваа смеса, ќе видите одлични резултати.

Извор: uspesnazena.com