Денес Сундар Пичаи е директор на една од најголемите светски компании Гугл, но таму стигнал буквално од нула, од тешка сиромаштија.
За време на неодамнешниот говор, тој ги откри своите скромни корени и ги повика младите да не губат надеж и трпеливост.
Пичаи раскажа со какви предизвици се соочил кога дошол во САД од Индија пред 27 години.
“Татко ми ја потроши беговата годишна плата на мојот авионски билет за САД за да можам да дојдам во Стенфорд. Тоа ми беше прв пат во авион”, рече Пичаи, додавајќи дека кога на крајот слетал во Калифорнија, работите не биле како што тој замислувал.
„Телефонскиот повик дома чинеше повеќе од 2 американски долари за минута, а ранецот чинеше исто колку и месечната плата на татко ми во Индија“, рече тој.
Пичаи раскажа дека кога првпат дошол во Калифорнија, не можел да ги предвиди промените што дошле подоцна, пишува Бизнисинфо.
„Единственото нешто што ме донесе овде каде што сум сега, освен среќата, беше длабоката страст кон технологијата и отворениот ум“, рече 48-годишниот директор и милионер.
