Приказната зад една од најпознатите слики во светот.

Италијанскиот историчар Силвано Винчети тврди дека Леонардо да Винчи го насликал мостот Ромито во близина на градот Латерина во провинцијата Арецо, во Тоскана, во неговата позната слика „Мона Лиза“, чии остатоци се гледаат и денес.

Позадината на сликарството на Леонардо е оспорувана од историчарите на уметност со децении, исто како и идентитетот на мистериозната Џоконда. Некои од нив беа убедени дека на сликата е прикажан пејзаж со мостот Буриано, во близина на Латерина, а други дека тоа е мостот Боби во Пјаченца.

Винчети, сепак, користејќи историски документи, како и современи фотографии и снимки од дрон, заклучил дека Ромито бил тој што го инспирирал Леонардо кога, на почетокот на 16 век, го насликал тој портрет.

Во прилог на откритието на Винчети, како што пишува „Гардијан“, е и фактот што Ромито имал четири лакови, како што се гледа на сликата, додека и Буриано и Бобио имале повеќе.

Преку реката Арно, до денес е зачуван само еден лак Ромита, а во документите на семејството Медичи пронајдени во архивите, Винчети открил дека тоа била една од најпрометните каравански рути на самиот почеток на 16 век.

– Токму во тој период, од 1501 до 1503 година, Да Винчи престојувал во таа област, најпрво во служба на кардиналот Чезаре Борџија, а потоа и на Пјеро Содерини, државник од Фиренца – изјави Винчити.

Со мерење на ширината помеѓу бреговите на реката и користење на должината на преостанатиот лак на мостот, тој е апсолутно убеден дека би биле потребни точно четири сводови за да се протега низ реката. Затоа, како што рече, се возбудени и жителите на малото гратче, бидејќи и Да Винчи во својот најпознат портрет насликал дел од нивната историја.