Здружението на ветерани на фудбалскиот клуб Реал Мадрид го контактирало поранешниот фудбалер на тој клуб Предраг Спасиќ по неговите молби за помош.




Спасиќ, кој во својата кариера настапуваше за Раднички од Крагуевац, Партизан, Реал Мадрид, Осасуна, Атлетико Марбеља и Раднички од Белград, се наоѓа во многу тешка животна ситуација.
На крајот на 2022 година тој зборуваше за финансиската состојба во интервју за шпански „Релево“.




„Ми треба помош во економска смисла. Живеам од ден на ден, во тешка ситуација сум. Треба да си силен за да надминеш се“, изјави Спасиќ …




Во Реал мина една сезона во која одигра 22 натпревари, а за време на фудбалската пензија наиде на финансиски проблеми откако вложи пари во проект кој пропадна.




„Кога ја завршив кариерата, во 1996 година се вратив во Србија и тогаш почнаа моите проблеми. Компанијата во која инвестирав пропадна и после тоа бев во тешка ситуација. Морав да барам друга работа за да можам да живеам нормален живот. Некоја работа што не можев ни да замислам дека ќе ја работам – како магационер во фирма.




Живеам од работа за која ме плаќаат 400 евра месечно. Имаше и депресија, но кога се вратив во Србија имав пријатели кои дојдоа да ме сретнат и со помош на луѓе од медицината успеав да се извлечам“.




Недолго по неговото интервју, тој беше контактиран од здружението на ветерани кое му понуди помош.




„Среќен сум поради тоа. Горд сум, можеби е моја вина. Се што ми се случуваше силно ме удри и не разговарав со никого. Живеев во тишина и се затворив во себе“, изјави Спасиќ, кој пред интервјуто за „Револо“ не се појавуваше во јавноста околу 20 години.




Спасиќ е роден во Крагуевац, играше како централен дефанзивец, а за репрезентацијата на Југославија играше 31 пат.
